Писмо за среќа

Сабота 24.07.10 -Уште еден од многутемина здодевни денови во мојот живот, поминат во одморање дома.Признавам, не секогаш сите денови од мојот живот биле исполнети со возбуда, авантура  и забава.Впрочем како и за сите така и за мене нели?Во секој случај не останав цел ден дома, се решив ако ништо друго барем да пробам да го направам денот поинтересен (сам ако не направиш денот да ти биде поинтересен, никој друг од страна нема да дојде и да ти го направи интересно времето што го поминуваш без разлика каде) ; се решив да искористам, да го поминам дел од денот во прошетка.И го поминав дел од денот во прошетка, и со тоа успеав да ја неутрализирам барем малку од малку здодевноста.Се вратив од прошетката, седнав пред компјутерот  и ги отворив сите добро – познати страни на интернет.Така, го отворив и проверив својот профил на мојот e-mail да проверам дали ми стигнало некакво писмо или порака.И имав добиено е-пошта од една женичка, пријателка на мајка ми (инаку професор по географија).Нема да ја именуваме по име, во секој случај добив од неа писмо за среќа.Почнав да го читам писмото,  и наидов на еден дел кој ми стана особено интересен. Во делот кој ми стана особено интересен пишува: .…..„Со пари можеш да купиш куќа, но не и дом. Можеш да си купиш кревет, но не и сон. Можеш да си купиш часовник, но не и време. Можеш да си купиш книга, но не и знаење. Можеш да си купиш положба, но не и почит. Можеш да си платиш за лекар, но не и за здравје. Можеш да си купиш живот, но не и душа. Можеш да си купиш секс, но не и љубов. Можеш да си купиш се материјално, но не и духовност“………… Баш овој дел ме натера да подразмислам малку и да видам дали е тоа така; дали Кинезите се апсолутно во право кога станува збор за овој дел напишан од писмото.Заборавив да споменам дека писмото е кинеско и на крајот од писмото пишува да го препратам 20 (дваесет) пати на своите најблиски ако сакам да ме следи среќа понатаму во животот.Несомнено, Кинезите со своите иновации и мудрости имаат оставено голема трага врз човековата цивилизација, а како и во минатото така и во сегашноста Кина како држава ги движи многу работи во светот напред.Што е доказ дека Кина е навистина една моќна држава, а моќните држави не можат да бидат моќни држави ако се управувани од луѓе кои не се лукави и снаодливи на полето на политиката.Како и да е, во нашата државичка овие правила донекаде важат, но донекаде и не важат.Еве за кои делови од писмото Кинезите не се целосно во право:

Пр.1 „Со пари можеш да купиш куќа, но не и дом“ – јас би рекол :„не ти вреди домот, кога немаш пари за куќа“

Пр.2 „Можеш да си купиш часовник, но не и време“ – јас би рекол :„Не ти вреди слободното време, ако немаш пари за да го поминеш во забава и рекреација“

Пр.3 „Можеш да си купиш книга, но не и знаење. “  – јас би рекол :„Не можеш да се здобиеш со знаење, ако немаш пари да си купиш книга; работата од која и се придобива знаењето“

Можам да набројам безброј примери други примери.Во секој случај сметам дека и овие наведени примери се доволни да разберете што ми е поентата.Поентата ми е дека не треба да летаме во облаци премногу, да веруваме на тоа дека ако цел живот ги следиш моралните принципи дека среќата сама ќе си дојде.Тоа можеби порано така било во времето на комунизмот, но во денешно време; во оваа џунгла исполнета со разноразни ѕверови кои немаат ни трошка почит и морал ако ги следиш моралните принципи во целост тогаш ќе докажеш само дека си наивен и ќе те зафркава кој ќе стигне (без разлика на возрастра од 9 до 99)години.Не ме разбирајте погрешно не е се во парите нормално, треба да се почитуваат моралните вредности зошточовекот кој ја губи убавината на својата душа не е во состојба да љуби и не може да биде сакан“ и затоа и треба да се следат моралните вредности зошто ако не се следат колку- толку ние ќе бидеме осамени и отфрлени од секого, никој нема да не сака.Во контекст на она што го говорам во мојата колумна ќе додадам дека сметам и дека не треба да се играат валкани игри само за да се стигне до парите, а и не е се во парите.Но во секој случај исто така сметам дека и не треба да се остане рамнодушен и да се остави се на времето и дека не треба да веруваме дека некои писма на среќа ќе ни ги донесат благодетите што ги посакуваме повеќето од нас.„Секој си е ковач на сопствената среќа“ а под тоа разбирам дека ти мораш да се бориш во животот зошто ако не се бориш во животот, благодетите, убавините и среќата сами по себе нема да дојдат.Ти мораш да се избориш за тие работи.Затоа не летајте во облаци и за сите тие работи што се напишани погоре треба да знаете дека ако бидете претерано морални среќата никогаш нема да дојде, ќе дојдат само многу полоши времиња за вас.Постапувајте спрема луѓето онака како што они постапуваат спрема вас, ако се добри вие вратете вие бидете два пати подобри со нив; ако се лоши спрема вас вратете им со дупла мера.

Но нели, не е се во парите и затоа јас ќе го поставам ова писмо на мојот блог во име на моралот и чесноста:

„Ти го испраќам ова писмо за среќа, сето напишано во него да се исполни. Ова е кинеска вежба. Со пари можеш да купиш куќа, но не и дом. Можеш да си купиш кревет, но не и сон. Можеш да си купиш часовник, но не и време. Можеш да си купиш книга, но не и знаење. Можеш да си купиш положба, но не и почит. Можеш да си платиш за лекар, но не и за здравје. Можеш да си купиш живот, но не и душа. Можеш да си купиш секс, но не и љубов. Можеш да си купиш се материјално, но не и духовност. Кинеска писмо што носи среќа, бидејќи праќање на позитивна енергија преку добрите желби е најдобар начин за да помогнеш на ближниот, и на самиот себе. Почетокот е во Кина. Ова писмо веќе 8 пати го обиколило светот. Но ете, овој пат, тоа ќе донесе среќа и на тебе. Откако ќе го добиеш ова писмо, ќе станеш среќен. Ова не е шега! Ќе ти се насмевне среќата! Препрати ова писмо по интернет или по пошта на луѓе, кои сакаш да имаат среќа. Не праќај пари, бидејќи среќата не се купува со пари. Не чувај го писмото повеќе од 96 часа. За тоа време треба да си го испратил. Во 1997. писмото е добиено од млад човек. Тој си ветил дека ќе го испрати, но го одложил тоа за после. Што значи дека го задржал писмото повеќе од 96 часа, подоцна го препратил, како што си ветил. И изучил – се оженил среќно за саканата жена и му се изродиле многу убави деца. И така тој го продолжил синџирот на среќата. Не заборавајте, не праќај пари и не го потпишувај писмото. Испрати само 20 копии и почекај за да видиш што ќе ти се случи по неколку дена. Учењето е создадено од кинески монах од манастирот Шао Лин, каде што е собрана мудроста на светот. Јас ти го праќам, бидејќи ти си должен да помогнеш тоа да продолжи да го обиколува светот.Испрати 20 копии на своите блиски, познати и пријатели, па дури и на непознати. Во текот на неколку дена, ти ќе добиеш добри вести, или ќе ти се случи пријатно изненадување. Тоа е вистината, дури и да не си суеверен ( а ). Ова ти беше пратена за среќа“

~ by razdolov on July 24, 2010.

Leave a comment